Македонскиот симбол на Фестивалот на културата во Вилијамстаун ги боцкал Грците во очи

Дознаваме дека грчката заедница од Мелбурн е крената на нозе околу плакатите за “Македонскиот културен фестивал” во Вилијамстаун што ќе се одржи во недела, на 27 ноември.

Започната е петиција со протест затоа што се користел нелегално симболот на “сонцето од Кутлеш” на кој Грците имале регистрирани права… Во петицијата наведуваат дека корис­те­њето на историски “грчкиот симбол” за рекламирање на настанот е очигледно обид да се провоцира.
Потоа наведуваат дека истиот ден и Грците имале фестивал на Federation Square во Мелбурн и сметаат дека ова не било коинциденција.
Се очекува оваа седмица Грците да ја достават петицијата до општината Хобсон Беј и до парламентарецот Робин Скот, кој е министер за мултикултура во владата на Даниел Ендрус. Мала е веројатноста дека оттаму ќе реагираат во прилог на грчката заедница.

Останати вести