За Денот на Австралија се развеа и македонското знаме

Во петокот, на 26 јануари, се прославуваше Денот на Австралија, односно датумот кога првата флота под водство на адмиралот Артур Филип во 1778 година пристигна на брегот на Сиднеј со цел да основа казнено поправни колонии во Австралија.

Тоа се случило само осум години подоцна од кога капетанот Џемс Кук за првпат допловил до континентов и го поставил знамето на обединетото кралство прокламирајќи ја територијата за сопственост на кралот Џорџ Трети. Поради загубата на петнаесет колонии во Америка кралот Џорџ Трети бил приморан да ја користи оваа далечна колонија како место што ќе биде казнен дом за затворениците. Со пристигнувањето на адмиралот Артур Филип е основана и првата казнена колонија во местото Порт Џексон а целиот залив е наречен Сидни Коув.
За денот на Австралија се прославува традиционално со масовни манифестации организирани од градските општини, со музика, игри и забава и неизбежните домашни скари.
Традиционално на овој ден се избира Австралијанец на годината. За оваа година беше избрана госпоѓата Мишел Ивон Симонс, професерока во квантумна физика. Таа од нејзиното доаѓање од Британија во 1999 година, е професерка по квантумна физика на Универзитетот на НЈВ, и развива светски признаена најнапредната компјутерска технологија.
На традиционалната мултикултурна парада за Денот на Австралија, и оваа година имаше свое присуство нашата заедница преку Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија, а во поворката беа вклучени поединци од заедницата.

Останати вести