За време на посетата на Австралија, францускиот претседател Емануел Макрон, направи прилично вкусен, но и непријатен гаф.
Сакајќи да им се заблагодари на австралискиот премиер Малколм Турнбул и на неговата сопруга за гостопримството, тој Луси Хјуз Турнбул ја нарече „вкусна”. Макрон, зборувајќи на англиски, направи грешка па ја нарече сопругата на Турнбул “вкусна”.
„Ви благодарам на вас и на вашата вкусна сопруга за вашето топло добредојде. Oва е совршена организација на патувањето”, изјави Макрон на прес-конференцијата и со овој гаф ја насмеа целата јавност.
Тој зборуваше на англиски јазик, што инаку добро го владее и многумина присутни не беа сигурни дали добро го слушнале, за по преслушувањето на снимките да биде потврдено дека навистина го употребил зборот „вкусна”.
Францускиот збор dйlicieux може да значи мал вкусен оброк, но, исто така, и многу добро или прекрасно, па многумина сметаат дека тој свесно кажал така, но со значење што не одговарало за ситуацијата.