Многу приказни се плетат околу претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Најновиот скандал кој ја тресе Франција е дека Макрон има љубовна афера со Александар Бенал, син на емигрант од Мароко, кој до минатиот петок беше член на неговото лично обезбедување и наводно истовремено и љубовник.
Мистериозниот, 26-годишен телохранител е отпуштен, откако во јавноста се појави снимка од него во полициска униформа за која не објасни од каде му е, напаѓа човек и жена на среде улица во Париз. Снимката е од време на протестите на први мај, но очигледно многу се потрудиле таа да не излезе во јавност. Но,снимката се појави.
Александар, кој како тинејџер бил политички активен и полека, но трпеливо стигнал до позицијата телохранител. Познат е по грубото однесување со новинарите кои поставуваа прашања за бракот на Емануел и Брижит.
„Дејли мејл” пишува дека Макрон е вљубен во него. За францускиот претседател одамна се шират приказни дека има хомосексуална определба, но тој тоа го негира.