Макрон нема да решава за Косово без Меркел

Франција е во интерес на изнаоѓање трајно решение за Косово, и нејзиниот претседател Емануел Mакрон веќе се ангажира во овие напори. При неговата посета во Белград тој го покажа тоа и во негова порака, пренесуваат експертите за европска политика.

Експертите велат дека Maкрон има „големи амбиции”, зборува и дека негова желба било тој да биде домаќин на состанок меѓу Белград и Приштина во Париз.
Но францускиот лидер нема да биде „соло играч” во обидите за разрешница на „проблемот Косово”, активно ќе соработува со германската канцеларка Ангела Меркел и официјален Брисел, пренесуваат медиумите од регионот. Српскиот danas.rs пишува дека Наим Лео Бешири, извршниот директор на Институтот за европски праша­ња, во интервју за нив вели дека Maкрон „се ‘уште нема големо влијание на меѓународно ниво”.

Останати вести