Победникот на првата трка во Формула 1 оваа сезона, Нико Розберг, откри дека бил блиску да се откаже од трката во Австралија.
“Имав сериозни проблеми со гумите. На 15 круга пред крајот ми кажаа дека веројатно нема да издржат и дека е подобро да се повлeчам, но им одговорив дека ќе се обидам да ја спасам ситуацијата и успеав”- изјави Розберг кој потоа зборуваше дека задачата ниту малку не му била лесна.
“Проблемот беше што не можеа да ме информираат, дали е притисок или деградација. Беше многу тешко, но успеав да се извлечам во оваа трка и можеби затоа оваа победа е една од посебните”- додаде Германецот.