Малолетните престапници ќе мораат да студираат и да работат

Според новите одредби за контрола на младите кои се воведуваат во Викторија, малолетниците кои направиле криминално дело, ќе мораат да студираат или работат ако сакаат да избегнат повторно враќање во притвор. Во склоп на последните промени со кои треба да се намали криминалот меѓу малолетниците, возрасните би можеле да добијат затворска казна до десет години. Се очекува новата легислатива да биде воведена на почеткот на следната година.

Премиерот на Викторија Даниел Ендрус најави засилени мерки за сузбивање на бранот на криминал меѓу младите, кој се зголеми во облик на обивање домови и кражба на автомобили. „Оваа сеопфатна реформа на младите престапницни ќе ги повика на одговорност и на жителите на Викторија ќе им даде сигурност” – рече тој.
Одредбите за контрола на младите престапници ќе вклучуваат и ограничување на ноќните излегувања и забрана за дружење со одредени лица.
„Од нив ќе се бара да одат во училиште, или пак да посетуваат други едукации или да се вработат. Се надеваме дека ова ќе го сметаат како можност за повторно градење на своите животи” – рече тој.
Доколку малолетниците не ги почитуваат овие одредби, може да се вратат во притвор. Новиот прекршок „плаќање за малолетниците за направен прекршок” ќе се казнува со максимална казна од десет години. Оваа мерка веќе ја нарекуваат „Фагинов закон” по лик од романот Оливер Твист.

Останати вести