Манчестер сити ќе игра во Лигата на шампионите, забраната им е укината

Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана му ја тргна забраната на Манчестер сити за настап во Лигата на шампионите, која требаше да биде активна во наредните две сезони. Истовремено ја намали и паричната казна, па наместо 30 милиони евра “граѓаните” ќе треба да платат 10 милиони евра.

УЕФА претходно го казни Манчестер сити со двегодишна суспензија од европските натпреварувања поради прекршување на финансискиот фер плеј.
Сити ја обжали одлуката до Судот за спортска арбитража и епилогот стаса.
Ова значи дека тимот на Пеп Гвардиола ќе настапува во Лигата на шампионите, а петтото место во Премиерлигата, на кое се надеваа неколку англиски екипи, сега повеќе нема да носи во елитното натпреварување.
Коментари: Ова е крај на правилото за финасиски фер-плеј
На „Eтихад” се презадоволни од одлуката на CAS, додека бројни луѓе од светот на фудбалот велат дека со својата одлука судот од Лозана и задал жесток удар на УЕФА и правилото за финансиски фер-плеј.
Спортскиот уредник на Би-Би-Си, Ден Роан, изјави дека „ова е најдобриот резултата на Манчестер сити оваа сезона”. Тој дополни дека одлуката на САS „го нарушува кредибилитетот на правилото на УЕФА за финансиски фер-плеј”.
Неговиот колега Сајмон Стоун вели дека ова е голема победа на Манчестер сити и дека го оправдува оптимизмот на Пеп Гвардиола по мечот со Брајтон, што беше одигран во саботата. И тој, како и Роан, смета дека одлуката го урива концептот на УЕФА за финансиски фер-плеј, но ја урива и идејата за еднаквост меѓу клубовите.
Поранешниот фудбалер Гери Линекер смета дека по оваа одлука правилото за финансиски фер-плеј нема да опстане.
– Не верувам дека УЕФА ќе закрепне од оваа одлука на Судот за спортска арбитража, рече Линекер.

Останати вести