Романсата на поп-дивата Мараја Кери (46) и австралискиот милијардер Џејмс Пакер (48) можеби нема среќно да заврши на крајот.
Порталот „Радар онлајн” пренесува дека поради големите тензии, пејачката ја одложува венчавката која беше закажана за ова лето и беше најавена како спектакл на деценијата.
На 19 јуни, Мараја заедно со својот поранешен сопруг, комичарот Ник Кенон (35) и нивните четиригодишни близнаци Монро и Морокан го поминале заедно „Денот на татковците”.
Поранешната двојка веќе две години го развлекува својот развод, а близок пријател на Кери изјавил дека поради тоа страдала свршувачата на пејачката и милијардерот.
– Мараја и Џејмс не можеле ништо да дефинираат за нивната венчавка бидејќи тие постојано се презафатени. Иако Мараја се уште сака при крајот на летото да има венчавка на Медитеранот, засега ништо не е потврдено за прославата – изјавил изворот.
Кери и Пакер се свршија по една година врска, додека пејачката беше во бракоразводна парница со Ник Кенон.
– Мараја не е фокусирана на венчавката со Џејмс како што порано беше посветена, а тоа им дало сигнал на нејзините пријатели дека нешто не е во во ред – изјавил извор за „Радар онлајн”.
– Таа дури нема одбрано венчален фустан – открил изворот и додал дека првично планирала на венчавката да промени дури пет венчални фустани.