Мараја Кери се мажи за милијардерот Пакер

Познатата пејачка Мараја Кери и бизнисменот Џејмс Пакер во јуни минатата година објавија дека се заедно откако двајцата беа видени на одмор во Италија, а сега тие објавија свршувачка. 

Пакер е познат австралиски бизнисмен, соп­ственик на казина, а според листата на „Форбс” е четврт најбогат Австралиец. Неговото богатство се проценува на 5,1 милијарда долари.
Богатството Пакер го има наследено од неговиот татко Кери Пакер, сопственик на медиумска империја во Австралија, а Џејмс ги продаде медиумите и се префрли на казина. Пред врската со Кери, Пакер беше во брак со пејачката и моделот Ерика Бакстер од која се разведе во 2013 година.
Мараја Кери беше во брак со Томи Мотола од 1993 до 1997. Во 2008 се омажи со Ник Канон, од кого се разведе лани. Таа има две деца.

Останати вести