Марина Христов: здружено до успехот

W.O.M.A.N ( World Organisation for Macedonian Awareness and Networking)што ја формираше др. Марина Христов, официјално започна со првиот проект кој се состоеше од доставување на донацијата во форма на школски прибор, училишни чанти, тетратки, разновидни книги, играчки но и облека за 27 дечиња, во Битола, кои потекнуваат од финански загрозени фамилии.

 

Основна цел на ова здружение е да ги зближи успешните жени од македонско потекло, да им даде поддршка и да создаде услови за дружење. Прво во Австралија, а понатаму и низ светот.

Второ, преку дружењето, да се одржува македонската култура, јазик и традиција.

Третата цел е да се користи дружењето за хуманитарни цели. Затоа, на 2 август, Илинден, беше организиран “Charity Walk”, за да се соберат средства кои ќе бидат наменети за реновирање на детските одделенија при болничките установи низ Македонија, кои се запоставени од државата. Се планира овој настан да се случува секоја година, и се разбира, со поголема посетеност.

Ние како Македонци во Австралија имаме услови да размислуваме пошироко. За успех треба да сме сложни, обединети, и горди на нашето потекло и култура. Само така ќе се издигнеме повисоко, и ќе бидеме пример на младите генерации што следат.

За повеќе информации или за членство во WOMAN, јавете се на Марина 0414376779 или на емаил : info@houseoflife.com.au

Останати вести