Стигнуваат со авиони и хеликоптери
1,250 американски маринци пристигнаа во Дарвин како дел од контингентот кој ќе биде стациониран во Северна Австралија.
На војниците наскоро ќе им се придружат 13 авиони и уште толку борбени хеликоптери. Ова е еден од најголемите контингенти на американската војска која пристигнала во Австралија од Втората светска војна наваму. Поручникот Брајан С. Мидлтон изјави дека борбената авијација го прави овој дел од контингентот најсилен.
„Ова го сметаме за важен регион. Тој е блиску до југоисточна Азија и Индискиот океан, сите овие подрачја секогаш се важни” – рече американскиот офицер. Тој додаде дека маринците ќе имаат сериозни вежби со кинеските партнери и Австралија. Војниците на САД, Кина и Австралија спроведуваат заеднички воени вежби уште од 2014 година. Американската воена ротација е дел од договорот меѓу поранешниот американски претседател Барак Обама и прајминистерката Џулија Гилард од 2011 година.