Тенорот Марјан Николовски во Мелбурн

Во сабота, на 26 октомври во SHIRE HALL (Cnr Keilor & Old Calder Hwy), ќе настапи реномираниот тенор од Македонската академија за опера. Тој го специјализирал својот глас во Рим, Италија, со прочуениот сопрано Мирела Поруто и баритонот Антонио Боаје, во стилот на Белканто. Николовски работи како соло артист и во хорот на МРТ. Исто така настапува во сите опери на Македонската Опера и Балет.

 

Досега има настапено на повеќе од 200 концерти. Оваа сабота ќе имате можност да уживате во неговиот глас, кој ќе изведе Наполетански, Италијански и Шпански песни од неговиот репертоар од ариите на G. Verdi, Puccini, P.Sorazabel, Donizeti and F.P.Tosti.

Марјан Николовски е за прв пат во  Австралија и неговата турнеја ќе трае од октомври до декември. За повеќе информации и резервација  на неговиот настап на 0412 803 236.

Останати вести