Mаршеви во Австралија против Доналд Трамп

Демонстранти во Австралија и Нов Зеланд се приклучија на Женскиот марш, кој се организира ширум светот во знак на протест против новиот американски претседател.

Во Мелбурн се собраа околу 5.000, додека во Сиднеј околу 3.000 луѓе во Хајд парк, од каде маршираа кон американскиот конзулат.
Една од организаторките, Минди Фрајбанд, за Reueters рече дека не се протестира против Трамп како таков, туку против говорот на омразата, ксенофобијата, но и дека женскиот марш се организира со цел да се претстави обединетиот став на жените ширум светот.
Главниот протест се одвиваше во Вашингтон, каде се собраа околу 250.000 демонстранти.

Останати вести