Познато е дека природата ни дава ред состојки, кои дури и повеќе и помагаат на кожата, отколку класичните купечки маски. Отворете го фрижидерот и подгответе некоја од овие 3 маски против брчки!
2 лажици мед и 1 белка од јајце се ставаат во сад и се матат. Смесата се нанесува на лицето и се остава да отстои 15 тина минути. Се мие со топла, а потоа со ладна вода. Маската е делотворна, но не треба често да ја нанесувате на кожата
3 лажички мелени ореви или бадеми се варат во малку млеко, се додека не се добие густа смеса. Откога ќе се олади, се додава 1 лажичка павлака, 1 лажичка мед и 1/2 банана. Можете по нанесувањето да ставите и алуминиумска фолија, за да го зајакнете ефектот
1 лажичка маслиново масло, 1 портокал и кора од портокал. Исцедете го сокот и помешајте го со маслиновото масло и со ренданата кора. По 10-15 минути измијте го лицето и веднаш ќе ги забележите ефектите.