Со појавата на коронавирусот некои луѓе во Австралија започнаа да носат заштитни маски. Маските за лице мора да се носат правилно, честопати да се менуваат, да се отстранат правилно, да се отстрануваат безбедно и да се користат во комбинација со добра хигиена, за да бидат ефективни.
Има многу малку докази дека маската ја спречува заразата, освен во случај ако некој ви кивне или се искашла директно врз вас. Во пракса обично корона вирусот влегува преку допир на прстите со лицето, очите, ушите и устата.
Официјалната препорака на Светската здравствена организација (СЗО) е дека маска треба да носат само два типа на луѓе: оние кои се болни и имаат симптоми и оние кои се грижат за луѓе кои се или би можеле да бидат заразени.
Маската не дава сигурна заштита, бидејќи е докажано дека вирусот се пренесува преку ситни капки, а не преку воздухот. И нејзино симнување бара посебно внимание за да се избегне контаминација на рацете.
„Маските се ефективни само во комбинација со редовно миење раце”, вели СЗО.
Во Австралија, ветувачките се новите податоци што покажуваат дека мерките за социјално растојание почнаа да влијаат за успорување на инфекциите со коронавирус во Нов Јужен Велс и Викторија.