Маски само во затворен простор и во јавен прево

Во сабота во Викторија после 42 денови по ред без ниту еден случај на коронавирусот имавме 5 нови случаи од патници од странство. Премиерот Даниел Ендрус апелира во Мелбурн да се продолжи со почитување на низа мерки за „лето безбедно од КОВИД” .

Рече дека маски и понатаму сите ќе мораат да ги носат со себе во секое време, но повеќе нема да мораат да ги користат во ресторани и кафулиња. Маските се задолжителни при купување во затворени простории како што се супермаркетите и стоковните куќи и затворените пазари. Ендрус рече дека купувачите мораат да носат маски во продавниците како што се Kmart, Myer, Bunnings и JB Hi-Fi како и пазарите. „Постои потреба, да се продолжи да се носат маски во такво опкружување” – вели тој.
Жителите на Викторија смеат во своите домови да угостат до 30 лица.
„Тоа не значи дека смеете да повикате 30 лица на ручек и 30 на вечера. Тој број се однесува на 30 лица во текот на денот” – рече Ендрус.
Ограничувањето на собири на отворено како што се на пример паркови или плажи е зголемено на сто лица, без разлика на бројот на домаќинства. Нема повеќе ограничувања за венчавки и погреби, но мора да се почитува правилото на растојание од два квадратни метри по лице.
На подиумите за танц правилото на густина ќе биде едно лице на четири квадратни мести односно максимално 50 лица. Рестрикциите ќе останат на сила најмалку до крајот на јануари за да се осигура дека Викторија и понатаму ќе остане слободна од вирусот.
Почнувајќи од 11 јануари приватните компании ќе смеат 50% од своите вработени да ги вратат во канцелариите. Во јавниот сектор ова ќе биде можно за 25% од вработените, а 50% ќе можат да работат во канцелариите од 8 февруари.
Приватните компании за сега смеат да имаат 25% вработени во своите бизнис простории, додека целиот јавен сектор работи од дома.

Останати вести