МАСО со традиционална прослава и награда за заслужните

Во неделата, по повод 8 март, интернационалниот ден на жената, во луксузно реновираната Шелдон Рецепција во Саншајн, МАСО организираше прекрасна прослава.

Сопственичката на рецепцијата Лидија Нешковска уште еднаш се докажа дека е извонреден организатор со прекрасна храна и услуга. За музичкото расположение беше задолжена групата “Фонтана” со македонската ѕвезда Татјана Лазаревска која прикажа зошто е најдобрата естрадна уметничка од Македонија што живее во Австралија.
Специјален гостин на прославата беше конзулката Бети Коруновска, која одржа пригоден говор. Како и секоја година така и оваа од МАСО се погрижија да ги истакнат и претстават со награда најуспешните жени. Оваа година адвокатката Жаклина Трајковски беше истакната за нејзината помош на македонската заедница, Славка Котевска од КУД “Весели Македонки” за промовирање на македонска култура и Цвета Матичевска, инаку мајка на познатиот дизајнер Тони Матичевски, како жена која неуморно работи и помага во заедницата.
Им го честитаме на сите жени празникот и им посакуваме успешна година.

Останати вести