Во „Борис Трајковски“ стартуваше масовната вакцинација

Од понеделникот (5 април) во спортската сала „Борис Трајковски” во Скопје започна масовната вакцинација во Македонија.

Се вакцинират по 3.000 лица дневно. Ќе работат 25 медицински сестри и 5 доктори. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се поставени 48 станици за истовремено вакцинирање па за кратко време ќе се зголемува бројката и дневно ќе се вакцинираат по 7.000 граѓани.
Сепак нејасно е како ќе тече “масовната вакцинација” бидејќи во моментов се располага само со оние 20 илјади вакцини „СпутникV” добиени како донација од Србија во четвртокот (накнадно ќе бидат донирани и уште 20.000 за ревакцинација). Македонија се приклучи кон некои земји (Германија, Франција, Данска, Норвешка, Исланд и Канада….) кои ја ограничија употребата на “АстраЗенека” само за возрасни над 60 години, па добиените 40.000 од овој производител преку Ковакс ќе се употребат само за постарата популација.
На списоците за вакцинација во “Борис Трајковски” се вработени во МВР, АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје”, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.
Министерот Фулипче повика граѓаните масовно да се вакцинираат зошто тоа е единственото оружје за борба против коронавирусот. Како ќе доаѓаат следните количини на вакцина, рече тој, така ќе се распоредуваат во системот.
Тече вакцинирањето на постарите од 77 години
Во 12 градови ширум државата моментно тече вакцинацијата на лица над 77 години возраст. Од оваа група за вакцинација биле пријавени 20.000, но речиси третина не се појавија во закажаните термини.
Постепено ќе се намалува старосната граница за граѓаните кои ќе се вакцинираат по здравствените домови низ државата, а во „Борис Трајковски” ќе се одвива имунизацијата на вработените во институциите.

Останати вести