Во одбрана на нашето име
Илјадници Македонци се собраа во Мелбурн да упатат порака до владата на Република Македонија дека никој нема право да преговара за нашето име и идентитет. Голем број од собраните на топлото време изразија незадоволство од преговорите со Грција и отстапките кои се вршат и го загрозуваат нашето постоење.
Огромна река од луѓе се собраа во Сиднеj – кога првите пристигнуваа до Martin Place – од другата страна започнуваа да тргнуваат од собирното место кај Town Hall. Црвено жолтата боја беше доминантна со транспарентите дека не смее да се тргува со името. Ова е јасна порака од дијаспората за високо непопуларните постапки на владата на Зоран Заев. Македонскиот народ е созреан и не сака никакви понатамошни преговори со Грција за нашето вековно име.
Обединети за заштита на името, идентитетот и јазикот
Македонците кои живеат во Сиднеј масовно излегоа на протест, испраќајки порака дека Македонија има едно име, еден јазик и идентитет и дека нема да дозволат некој да ги распродава овие свети нешта за народот.
Демонстрантите кои се собраа ја пееја националната химна и маршираа низ улиците, извикувајќи “Македонија”, додека гласните тапани правеа голема бука.
Според Џош Шерман, портпарол на “Ние сме Македонија”, протестите се против негирање на македонското име и идентитет и за подигнување на свеста за борбата за зачувување на македонскиот идентитет и името Македонија.
“Денешните протести, исто така, ќе ја покажат нашата отпорност како мачени и угнетени луѓе”, рече портпаролот на митингот. Македонците не мразат никого, туку само сакаат право и почит да се приклучат рамноправно на меѓународната сцена.
Многумина пристигнаа од Волонгонг, Њукасел и Канбера за да присуствуваат на протестот во Сиднеј.
РЕЗОЛУЦИЈА
Резолуција на Македонската заедница на Викторија по повод протестот “Ние сме Македонци во одбрана на Македонија” одржан на 4-ти Март 2018 г. во Мелбурн, Викторија
Ние, Македонците од Викторија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ и Македонија, со нашето присуство на овој масовен собир, сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост и огорченост за заканите коишто се појавија за унитарниот карактер на македонската држава, името, идентитетот, историјата, јазикот и културата на македонскиот народ поради политиката водена од сегашната нелегална влада и некои од претходните влади. Заради засилените активности на нелегалната Влада во последните месеци за промена на уставното име на Македонија, таканаречениот добрососедски Договор со Бугарија и Тиранската платформа ги донесуваме следните барања:
(1) Ние, Македонците од Викторија, ги повикуваме сите Македонци во светот да се обединат заради одбрана на името на Македонија и идентитетот, јазикот и историјата на Македонскиот народ
(2) Македонците од Викторија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред законите, независно од етничкото потекло, вероисповедта, партиската припадност и социјалниот и економскиот статус.
(3) Македонците од Викторија отфрлуваат еднаш засекогаш промена на историското и правилното име на државата, Република Македонија, знамето, химната и грбот
(4) Македонците од Викторија ја повикуваат демократската јавност во светот да јаподдржи унитарноста и државноста на Република Македонија, името Република Македонија и идентитетот на нацијата и Македонскиот народ.
(5) Македонците од Викторија бараат да се стави конечен и итен крај на понижувачките и навредливите преговори за историското и правилното име Македонија помеѓу владите на Македонија и Грција. Било каква промена на името на Македонија во согласност со Атина би го означила почеткот на крајот на македонскиот идентиет, историја и државност. Повикуваме Македонија безусловно да го продолжи членството воОбединетите Нации и други меѓународни институции под уставното име Република Македонија и јазикот и идентитетот на нашата земја во тие институции да бидат опишани како македонски. Инаку, НАТО И ЕУ не се достојни за промена на државното име на Македонија.
(6) Ние категорично го отфрламе „Законот за употреба на јазиците”, а со тоа ја отфрлуваме федерализацијата на Македонија и наметнувањето на Албанскиот јазик како официјален јазик на целата територијата на Македонија. Остварувањето на овие планови ќе ги осоколи тие политички сили кај албанското малцинство коишто бараат создавање на Голема Албанија и кои ги сметаат федерализацијата и официјалната двојазичност како преодна фаза за постигање на оваа цел. Ние сметаме дека македонскиот јазик треба да остане еден и единствен официјален и кохезивен јазик засите жители на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Сметаме дека широките јазични и културни права и правото на вето доделени на албанското малцинство согласно Охридскиот рамковен договор ги исполнуваат повеќе одколку што е потребно меѓународните конвенции и договори коишто се однесуваат на заштита на малцински групи и култури. Етничките Албанци во Македонија се служат со правна заштита за нивниот јазик и култура и со права коишто ги надминуваат тие доделени на скоро било кое друго етничко малцинство во Европа. Воедно бараме Зоран Заев и неговите албански коалициони партнери да престанат да ја спроведуваат штетната Тиранска платформа.
(7) Ние го осудуваме и отфрлуваме таканаречениот Договор за Соработка и Добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија со кој Македонија формално се откажува од својата уставна обврска да ги брани правата на Македонците во Бугарија со членот 11, а со членот 8 исто така и дава можност на Бугарија да ги ревидира македонските учебници по историја, во Преамбулата не го признава македонскиот јазик и крајно ги ограничува политичките активности во Македонија насочени кон обелоденување на бугарската негација на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Ова е едностран договор и бараме Македонија да се повелече од него и да го поништи и да започне да соработува со Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Србија!
(8) Ја повикуваме Македонската Православна Црква да се повлече од договорот со Бугарската Православна Црква според кој Бугарската Православна Црква се означувакако “мајка црква” која наводно би требало да содејствува за олеснување на прифаќањето на Македонската Православна Црква како автокефална од другите православни цркви. Овој договор не може да се смета за важечки и во интерес на верниците и Македонската Православна Црква се додека Бугарската Православна Црква не признава посебен македонски јазик, идентитет и посебна македонска црковна историја.
(9) Македонците од Викторија бараат да се одржи веродостоен и кредибилен попис во Македонија под независен меѓународен надзор заради утврдување на точниот број нажители во земјата и процентуалната застапеност на разните малцинства.
(10) Ние категорично го осудуваме официјалното грчко, бугарско и албанско негирањена постоењето на Македонскиот народ или македонска нација, етничка група, јазик, идентитет и култура како шовинистички и расистички чин и спротивно на мирот и стабилноста на Балканот.
(11) Ја повикуваме австралиската влада да престане да ја дискриминира Македонската заедница и веднаш да ја признае Република Македонија под нејзиното историско и уставно име.
(12) Ако Владата во Македонија се покаже неспособна да ги спроведе гореспоменатите барања, ќе ги прекинеме целосно врските со неа, нејзините дипломатски претставници и емисари и борбата за постигнување на нашите цели ќе продолжи.
Да живее Македонија, да живее Македонскиот народ!
Оваа резолуција се доставува до следните земји и институции: Владата на Република Македонија, Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Австралија, Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Франција, Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.
Д-р Крис Попов
Д-р Ицо Најдовски
За Македонската заедница од Мелбурн и Викторија
Петиција до Парламентот на Австралија за признавање на Македонија под уставното име
Државјани на Австралија поднесоа петиција до федералниот парламент во Канбера за признавање на Република Македонија под нејзиното историско и уставно име. Во петицијата стои: “Го повикуваме Домот на пратениците да го следи примерот на САД, Русија, Кина, Канада и 135 други земји и да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име”. Петицијата може да ја потпишете на следниот ЛИНК
https://www.aph.gov.au/Parliamentary_Business/Petitions/House_of_Representatives_Petitions/Petitions_General/Petitions_List?id=EN0512
Потребно е да го внесете вашето име и презиме, да одберете дали сте господин, госпоѓа или госпоѓица и да внесете ваша е-маил адреса. Наредно потребно е да го потврдите потписот преку порака која ќе стигне на вашата е-маил адреса. Петицијата ќе трае до 28 март 2018 година.
Македонците од Западна Австралија бараат веднаш да прекинат апсурдните преговори за името на Македонија. Македонската Влада мора да постави формално и директно барање до ОН да ја признаат Македонија под нејзиното конститутивно име. 137 земји на ОН ја признаа нашата земја како Република Македонија. Правна и морална е обврската на ОН да дозволат Македонија да се движи напред без мешање и бојкотирање од Грција.
Ги повикуваме ОН да престанат со двојни стандарди со игнорирање на човековите права на македонското малцинство во Грција, Албанија и Бугарија, да престанат со охрабрувањето на сепаратистичките и расистички барања на албанското малцинство во Македонија во своите барања за “голема Албанија”.
























