Пекол во Северната Територија на Австралија: Масовно умираа диви коњи поради жештините

Бранот на екстремни температури повеќе од една недела создаде проблеми за Северната Територија. Повеќето дневни температури достигнуваат речиси 50 степени Целзиусови.

Температурите рушеа стогодишни рекорди – минатата недела дури пет дена беа меѓу десетте најтопли во историјата на континентов.

Екстремните температури и суши исто така доведоа до масовно изумирање на животни. Прво, се појавија информации дека повеќе од еден милион мртви риби се насукале во крајбрежните области. Потоа медиумите објавија дека топлината за само два дена убила дури една третина од лилјаците во Нов Јужен Велс.

Австралија не се сеќава на ваква топлина и суша, а доказ за тоа е и фактот што во изминатите неколку дена дојде до масовно умирање на диви коњи.

Чувари на парк во близина на Алис Спрингс пронајдоа повеќе од 90 мртви, изгладнети и дехидрирани диви коњи. Уште 200 се пронајдени во екстремно тешка состојба и беа еутанизирани.

Еден од жителите, Ралф Тарнер, објави ужасни фотографии од мртвите коњи.

Друг жител, Рохан Смит, за Би-би-си изјавил дека во областа каде што се пронајдени мртвите коњи се наоѓа езеро. Коњите пиеле вода од ова езеро, но тоа пресушило и тие останале без извор од кој ќе ја гасат жедта. Мештаните и чуварите во паркот за Би-би-си изјавија дека поради топлината во оваа област магариња, па дури и камили умираат од жед.

Останати вести