Македонка по потекло победник на кулинарско ТВ-шоу MasterChef Aвстралија

Емелија своите македонски корени ги потенцираше во неколку наврати и е позната во Мелбурн по своите торти како “кралица на дезертот”, што ги произведува како Emelia Jackson Cake Designs.

Македонската заедница во Австралија се гордее со Емелија (Емилија) Џексон, која има македонско потекло и која триумфира во кулинарското шоу „Мастер шеф” на националниот телевизиски канал 10.
Во 12. сезона на шоуто од 13 април до 20 јули се натпреваруваа 24 учесници, а на Емелија Џексон, од мелбурншкото севроисточно предградие Темплстоу, покрај трофејот доби и награда од 250.000 австралиски долари.
Таа во 2014 година заврши трета во шоуто, а сега во финалето беше подобра од Лора Шарад, која тогаш беше втора.
За да го освојат трофејот и наградата од $250.000 долари, тие имаа четири часа да подготват прекрасен оброк со предјадење, главно јадење и десерт за судиите и поранешните натпреварувачи што беше над 60 порции со храна.
„Јас сум Македонка и сè што правам е готвењето за сите овие многу луѓе”, вели 30-годишната шампионка од Мелбурн, чија баба Фани е од Егејска Македонија и, според сопствено признание, за многу од своите специјалитети во шоуто црпела инспирација од неа и од мајка си.
„Јас сакав отсекогаш да готвам”, изјави Емилија, која се сеќава како гледала и учела готвење од нејзината мајка и од македонската баба.

Останати вести