Новата ресорт колекција на Матичевски е подобра од кога и да е!

Талентираниот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски ја прикажа новата ресорт 2017 колекција во рамки на модната недела во Австралија.

Со секоја нова презентирана колекција, Матичевски е сè поблиску до оправдување на споредбата со Александар Меквин за која многумина сè почесто зборуваат.
Дизајнерот повторно ја прикажа својата креативност преку фантастичните, секогаш волуменозни парчиња во нежни бои меѓу кои прекрасната жолта, белата, сивата и неизбежната црна.
Овој пат, тој се одлучи за малку потемни креации преку кои ја покажа мистичната страна за разлика од онаа романтичната на која некако навикнавме.
На пистата можевме да видиме неодоливи комбинации од црни и бели панталони со интересно кроени горни делови, волуменозни здолништа и фустани широки од половината надолу, блузи со впечатливи карнери комбинирани со пенкало здолништа, но и фантастичен накит за кој сите говореа.

Останати вести