Нова група за поддршка на македонските грижители во Cabramatta

Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј продолжува со своите активности посветени на македонската заедница од Сиднеј.

Во ова издание би сакале да ги информираме членовите на македонската заедница дека, во Cabramatta, се формира нова група за поддршка на македонските грижители, која се состанува двапати месечно во Whitlam Library – Cabramatta, Railway Parade, Cabramatta.
На состаноците, членовите на групата добиваат важни информации за здравјето и целокупната благосостојба на грижителите. Исто така, континуирано се одржуваат информативни сесии и во врска со користењето на услугите од разни служби и програми. За некои од овие информативни сесиисе покануваат гости-професионал­ци, од разни организации и служби.
Дел од времето се користи и за меѓусебно дружење и споделување на личните искуства. Во планот на активностите е и да се прават лесни физички вежби, како и организирање на излети.
Доколку се грижите за роднина или пријател кој е хронично болен, онеспособен, има проблеми со менталното здравје или пак е изнемоштено старо лице или сте се грижеле за некого во блиското минато и сакате, како грижител, да се дружите и стекнете нови пријателства, да научите повеќе и да го подобрите својот социјален живот, повелете и бидете учесник во активностите на оваа нова група за поддршка на македонските грижители.
Состаноците се одржуваат секој втор ВТОРНИК (со мали исклучоци) од 10 часот наутро до 12 часот напладне.

Останати вести