MCWA водечка непрофитна организација

Минатава среда во центарот на 10 Blamey Ave во Мил Парк, се одржа генералното собрание на Добротворната асоцијација на Македонската заедница (MCWA).

Пред своите членови и заинтересираните Претседателот Александар Мојсовски го изнесе својот извештај за насоката и улогата на MCWA и потенцираше дека минатата година беше една од најуспешните во историјата на оваа организација. Следуваше финансиски извештај од благајникот Горан Торбаков во кој беше наведен податок дека буџетот на организацијата е зголемен минатата година на 1,2 милион долари. Значаен е факот што беа купени минатата година простории за MCWA со што во иднина нема да се трошат средства за кирија.
Основана во далечната 1983 година од Ѓорги Коштревски, како Macedonian Cultural Community Welfare Asso­ci­a­tion Western Inc, за задоволување на добротворните потреби на нашата заедница во изминативе 34 години и посебно во времето под раководство на извршниот директор Дијана Стерјовска полека стана водечка непрофитна организација од која останатите добротворни организации ќе требаат да учат од успешниот пример што го поставуваат вредните работници во MCWA.
Намерата во идина на MCWA е да стане главен обезбедувач за промоција на здравјето и добробитот на Македонската заедница и да нуди сервиси и услуги на поширокото општество. Со повеќе од 30 вработени и голем број волонтери иднината изгледа многу добра за Добротворната асоцијација на Македонската заедница.
После формалниот дел на годишниот собир имаше обезбедено закуска за присутните и можност за дружење.

Останати вести