Co мeдали за заслуги одликувани четворица припадници на дијаспората

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со Медал за заслуги за Македонија одликува четворица поединци – припадници на македонската дијаспора и им го додели признанието Повелба на Република Македонија.

Медали за заслуги за Македонија на 20 јуни свечено им беа врачени на: Иван Трпоски од Австралија, Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија.
Медалите се доделуваат за нивна исклучителна посветеност и ангажираност во своето работење во нивните земји, со што дале значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат.
Признанието Повелба на Република Македонија се до­делува на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска” за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како асоцијација за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Шведска.

Останати вести