Заштитна мрежа на Medicare

Medicare Safety Net (Заштитна мрежа на Medicare) им овозможува повисоки бенефиции на поединците, паровите и семејствата што имаат високи медицински трошоци што не се направени во болница.

Трошоците направени вон болница што ги исполнуваат условите се собираат и кога ќе го достигнете граничниот износ за Medicare Safety Net, до крајот на таа календарска година ќе добивате повисока бенефиција за услугите што ги исполнуваат условите.
Поединците автоматски се регистрираат за заштитните мрежи. Само погрижете се ние секогаш да ги имаме вашите најнови контактни поединости.
Ако сте пар или семејство, сите трошоци што сте ги платиле од сопствен џеб се собираат до еден заеднички граничен износ за заштитната мрежа.
За целите на Medicare Safety Net, семејството се состои од:
– пар што е законски венчан и не живее одделено, или пар што живее во вонбрачна заедница, со или без зависни деца
– самец со зависни деца.
Погрижете се да нè известите ако имате партнер или ако сте дел од семејство.
За да се регистрирате за Medicare Safety Net како пар или како семејство, појдете на humanservices.gov.au/safetynet или јавете се на 132 011.
Ако вам и на вашето семејство ви се потребни многу лекови во текот на една година, PBS Safety Net може да ви помогне околу трошоците за вашите лекови од програмата PBS кога ќе го достигнете одредениот највисок износ.
За да ги исполнувате условите, треба да водите евиденција за сите ваши лекови опфатени со програмата PBS. Поразговарајте со вашиот аптекар за водењето на евиденцијата.
За повеќе информации јавете се на 132 011.
Австралиски регистар на дарители на органи
Australian Organ Donor Register е единствениот национален регистар за дарување на органи и ткива. Donor Register ја регистрира вашата одлука во врска со дарувањето така што таа може да биде проверена 24 часа дневно, седум дена неделно.
Само овластен медицински персонал што има дозвола од австралиската влада може да го проверува Donor Register.
За да се регистрирате во Donor Register појдете на humanservices.gov.au/organdonor или јавете се на FreecallTM 1800 777 203.

Останати вести