Интернационално Македонско медицинско друштво

Во неделата, на 29 септември, од група доктори со македонско потекло е сновано Интернационално Македонско медицинско друштво (ИММД). На првото годишно собрание беше усвоен статутот од страна на членовите.

Ова е замислено како организација на ентузијасти од полето на медицината и здравствените професии за промоција и подобрување на здравјето на локалната заедница и исто така за решавање на посебните потреби на Македонската заедница. Основачки одбор се  др. Зоран Бечваровски од Австралија како претседател и др. Борис Каранфилов од САД, како потпретседател.

Целта на оваа организација ќе бидат:

– промовирање на професионалните стандарди на челеновите

– да биде форум за членовите

– да промовира и извршува постојана медицинска надградба

– да лобира во име на членовите за потребите на заедницата во доменот на здравството

– да собира знаење и да дава одговори во врска со здравствените проблеми во Македонската заедница низ целиот свет

Дополнителни цели на организацијата ќе бидат контрибуција кон хуманитарни случаи и организации и промоција на заедничко разбирање и посредување со други медицински организации.

Докторот Зоран Бечваровски е оториноларинголог. Роден е во Сиднеј, во 1966 година, каде што го минал своето детство во македонската населба Рокдаел. Во училиште бил првенец на генерацијата. Студирал медицина на Универзитетот Нов Јужен Велс и станал член на Kралскиот австралиски колеџ на хирурзи, но и на Австралиското друштво на оториноларинголози. Сега е вработен во приватната болница „St. George” и е одговорен на одделението за хирургија, но е и предавач на Универзитетот каде што дипломирал. Станал почесен член на одделението за лингвистика. Член е и на Американското здружение на оториноларинголози – хирурзи на врат и на глава и на Британското медицинско друштво, се разбира и почесен член на Македонското оториноларинголошко друштво.

Татко e на две близначиња, момче и девојче, а неговата сопруга е Македонка. Во ретките моменти кога одмара, создава музика, најмногу инспириран од македонската.

Останати вести