Можното заострување на американските економски санкции во Русија може да се толкува како објава за економска војна на која мора да се одговори со сите можни економски, политички и други средства, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.
На прашањето на новинарот какви санкции може да воведе Русија во иднина и како тоа ќе влијае врз економијата, Медведев за време на посетата на резерватот Кронотси, на рускиот полуостров Камчатка, кажал дека не сака да ги коментира преговорите за идните санкции, но додал дека мерките како забрана за банкарски активности може да се сметаат како објава за економска војна.
Стејт департментот претходно соопшти дека САД воведува нови санкции за Русија поради користење на хемиско оружје во обид за убиство на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во март во Велика Британија. Снакциите ќе стапат на сила на 22. август.
Вашингтон се одлучи за нови санкции и покрај декларативните напори на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги подобри односите со Русија а во тек е и истрагата за можно мешање во американските претседателски избори во 2016 година.