Кривичниот суд во Скопје осуди 7 македонски државјани обвинети за “учество во странска војска, паравоени или параполициски формации”, а од нив едно лице е обвинето и за учество во “терористичка организација”.
Сите тие (Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски) признаа дека учествувале во ИСИС и веќе на првото судење па им беа изречени казните: шестмина добија затворски казна од 6 години, додека седмиот е осуден на 9 години.
Сите седуммина се уапсени во Сирија од страна на Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, а во август ланската година беа испорачани во Македонија. Во декември минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесено обвинение против нив.
Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот кој се товарии за двете кривични дела бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава”.
Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација, повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство.