Мел Гибсон сака да ви се допадне во неговата нова улога

Тој стана холивудска ѕвезда што секој сака да ја мрази, но тоа не го спречи Мел Гибсон да проба да ги насмее луѓето.

 

Контроверзниот глумец, 58, го игра негативецот во најновото продолжение „Платеници 3″ (The Expendables 3) и ѕвездата на „Храбро срце” ова го видел како шанса за менување на очекувањата на неговата публика.

„Големиот предизвик на овој филм и на овој лик е наоѓањето начин луѓето да го засакаат лошото момче”, вели тој.

„Мора да најдете начин некако да ги придобиете луѓето на ваша страна и покрај тоа што сте голем лошко. Јас уживав во тоа.”

Во понеделникот, на промоцијата на „Платеници 3″ во емисијата „Добро утро, Америко”, столчето на кое седел Гибсон се скршило и тој пропаднал низ него, а очигледно сите тие години обука како акциона ѕвезда му се исплателе, зашто веднаш енергично станал и на шега му седнал во скут на Силвестер Сталоне.

https://www.youtube.com/watch?v=P4-bJqqEicw

Останати вести