Мел Гибсон си фати 24-годишна девојка

Мел Гибсон се шета рака под рака во Сиднеј со својата нова љубов Розалинда Рос. 59-годишниот холивудски актер и режисер излегува со 24-годишна убавица, за која се знае дека е ветувачки филмски сценарист и е во Австралија, спе­ци­јално за да работи со Гибсон по неговиот нов проект.

Според гласините Мел се запознал со младата бринета пред неколку месеци, кога таа аплицирала за работа како сценарист во продуцентската компанија Icon.
Потоа двајцата си организирале романтичен одмор во Костарика и очигледно веќе се подготвени да се покажат како двојка пред јавноста.
Првите заеднички фотографии на вљубените се појавија во неделата, за време на филмскиот фестивал во Сиднеј.
Тогаш носителот на Оскар за хитот “Храбро срце” беше обвинет од фотографката Кристи Милер од весникот Daily Telegraph дека ја турнал и ја плукнал во лице, на што Мел возврати дека “тврдењето е целосна лага”.
Гибсон и Рос имаат 35-годишна возраст разлика меѓу себе.

Останати вести