Меланија Tрамп – првата дама на САД

Со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, Меланија стана прва дама на највлијателната држава во светот. 46-годишната Словенка ќе го заземе местото на Мишел Обама во Белата куќа на 20 јануари следната година.

Доналд ја побара раката на Меланија во 2004 година, а една година подоцна тие го изговорија судбоносното „Да”. Меланија е трета сопруга на Доналд, со која го има десетгодишниот син Барон. Доналд има уште четири деца од своите претходни бракови. На прашањето каква ќе и биде улогата како прва дама на САД, Меланија рече:
„Ќе бидам многу традиционална, како Бети Форд или Џеки Кенеди. Ќе го подржувам Доналд”.
Меланија Трамп, во последните три години, во неколкуте интервјуа што ги даде, зборуваше колку е зафатена како мајка, што по нејзините профили на социјалните мрежи – не може да се забележи. Фотографиите зборуваат нешто сосема спротивно – каков раскалашен живот води убавата Меланија, што не е сликата што Доналд и ја преставуваше на пошироката јавност.
Американците сега имаат нова прва дама: Меланија Трамп е првата Словенка која ќе се всели во Белата куќа. Некогашното девојче од Севница кај Кршко, пораснала во скромно семејство, во време на некогашна СФРЈ. Жителите на гратчето во југоисточна Словенија, каде што пораснала Меланија, велат дека нејзиниот татко продавал автоделови, а мајка и работела како кројачка во фабрика за детска облека. Некои медиуми наведуваат дека татко и’ бил член на комунистичката партија, како и многу други во социјалистичка Југославија, но нема потврда за тоа. Родителите на Меланија и понатаму живеат во семејната куќа со мал двор и неколку овошки, иако многу време минуваат во САД, каде што им живее и втората ќерка Инес.
Пред заминувањето од Словенија и фаталната средба со Трамп, Меланија остварила кариера на фотомоделка во Словенија, а во 1992 година освоила и титула на прва придружничка на мис на Словенија. Откако со работна виза се преселила во Америка, во 1996 година, Меланија нанижала бројни ангажмани од познати брендови и списанија, меѓу кои Vogue, Ocean Drive, Vanity Fair и Allure. Во Њујорк, на една забава во 1998 година ќе го сретне Доналд Трамп. Идната госпоѓа Трамп, која поради полесен изговор тогаш презимето го променила во Кнаус, веќе не направила чекор назад. Во Севница не се сеќаваат дека ја виделе таму последниве години. Меѓутоа, донирала амбулантно возило на локалниот Дом на здравјето, за да го прослави раѓањето на синот Барон, во 2006 година, една година по мажачката за Трамп.
Во текот на кампањата на Трамп, повеќе пати се нашла во центарот на медиумското внимание – меѓу другото и поради плагирањето на говорот на својата претходничка, Мишел Обама, но и поради разголените фотографии, кои дури два пати во текот на кампањата биле објавени во американските медиуми. Поради тоа веќе го добила прекарот „Прва гола дама”.
Американските новинари уште во текот на кампањата истакнувале дека Меланија е прва странкиња со титула прва дама, уште од Луиз Адамс во 1825 година и прва сопруга на еден американски претседател која е родена и воспитувана во комунистичка земја. Ниту една пред неа не била моделка за долна облека, а уште помалку да влегла во светот на модата уште малолетна. Американците уште од почетокот на кампањата биле ептен заинтересирани за Меланија, па така откриле дека атрактивната Словенка не се согласува секогаш со својот сопруг, но затоа одлично се согласуваат во креветот и водат љубов секој ден. Затоа, пак, како мајка го учи малечкиот Барон да биде мини Доналд, па момчето веќе носи костуми и им наредува на вработените. Меланија била покрај сопругот кога минатата година во њујоршкиот Трамп тауер објавил дека ќе се кандидира за претседател, но од тогаш, па речиси се до самиот крај на кампањата се тргнала во втор план и ретко доаѓала на неговите собири. Веројатно зашто се открило дека направила плагијат на цели делови од говорот на првата дама Мишел Обама, од 2008 година.
Го заштитила својот сопруг кога била објавена видеоснимката, каде што простачки говори за жените. Рекла дека нејзиниот сопруг ги „почитува жените и им дава иста можност” како и на мажите.

Факти за Меланија Трамп
● Израснала во СФР Југославија.
● Зборува пет јазици (словенечки, англиски, француски, германски и српски).
● Таа е единствената прва дама која се има фотографирано гола за фотосесии.
● Меланија е втората жена на претседател на САД која не е родена на американско тло. (Првата е Луиза Адамс, сопругата на Џон Квинси Адамс)
● Како модел била ангажирана од врвни брендови и списанија.
● Таа е трета сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаат едно дете.
● Нејзината венчаница чинеше над 100.000 долари.
● Успешно лансира своја линија накит.

Останати вести