Мелбурн на пат е до Божиќ да се врати во нормална состојба, зајакнувајќи ја надежта за одржување големи летни спортски настани и општо оживување на економијата.
Викторија забележува едноцифрен пораст на нови случаи, што ќе придонесе за укинувањето на ограничувањата во главниот град Мелбурн, рече премиерот Даниел Ендрус.
„Тоа е многу, многу значителен број. Значително сме пред планираното време” – рече Ендрус на дневната конференција за новинари, очекувајќи го преминот кон „КОВИД нормално”, со повеќе ублажени ограничувања.
Но, ги повика луѓето да се придржуваат до правилото за физичка дистанца за да се сопре нов бран на ширење на коронавирусот.
„Доколку луѓето не ја направат вистинската работа во последните неколку недели на заклучувањето или ако лажат за тоа каде биле, нема да имаме Божиќ кој е нормален за КОВИД” – вели Ендрус.
Последното укинување на мерките на ограничување овозможи 127.000 луѓе да се вратат на работа, а за останатите во производствената и прехрамбрената индустрија, нуди поттик на тешко погодената економија.
Најнаселената држава Нов Јужен Велс повеќе денови нема нови случаи на зараза со вирусот, како и Квинсленд.
Ендрус вели оти трендот на намалување на новите инфекции наговестува дека летните спортски настани, како што се традиционалните натпревари во крикет кои се одржуваат на Boxing Day во Мелбурн и тенискиот турнир Australian Open.