Мелбурн – најсреќен, Чикаго – највозбудлив град во светот

Мелбурн е најсреќен град на светот. Според Индексот на градски живот, овој австралиски град е на четвртата позиција како највозбудлив град на светот, веднаш по Чикаго, Њујорк и Перт.

Ова го покажува истражувањето на порталот „Тајм аут”, во коешто учествуваа 15 илјади лица од 32 светски престолнини.
Градовите се рангирани врз основа на оценки во седум различни категории: храна и пијалак, култура, социјална заедница и социјални односи, соседство, цени, среќа и степен на погодност за живот.
Околу 90 отсто од жителите на Мелбурн уживаат во животот во овој град, а девет од 10 лица изјавиле дека биле среќни во последните 24 часа. Магазинот „Економист” исто така го прогласи Мелбурн за најпогоден град за живот во 2017 година, а оваа награда ја добива седми пат по ред.
Дубаи е прогласен за град со најдолго работно време, Вашингтон има најголем број самци на сцената за забава, Њујорк има најдобар ноќен живот и стрес, Париз најненаспани жители и најмногу секс, додека Чикаго е највозбудлив град.

Останати вести