Фудбалерите на Атлетико Мадрид го претрпеа првиот пораз во подготвителниот период, откако изненадувачки загубија од Мелбурн Виктори во Џилонг со 1:0 (1:0).
Момците на Диего Симеоне не влегоа најконцентрирани во мечот со една од најдобрите австралиски екипи и како резултат на тоа стигна голот за победа на Ансел во последните мигови од првиот дел.
Иако често менуваше и им даде шанса на 19 фудбалери, Симеоне и европскиот вицешампион не успеаја да го избегнат поразот. По ремито со Јувентус и победата по изведување на пенали, Мелбурн Виктори оствари уште еден престижен резултат во тест натпревар.
Нашиот Даниел Георгиевски го одигра поголемиот дел од натпреварот. Атлетико Мадрид од Австралија замина во САД, каде ќе одигра уште еден тест меч пред враќањето во Европа.
