ФФА Куп 2016: Мелбурн Виктори – Мелбурн Сити 0:2

Во рок од десет дена, во два наврата Виктори доживеа пораз од градскиот ривал Мелбурн Сити. Натпреварот се играше во напната атмосфера и двата тима дадоа се од себе за да победат, но повторно Сити беше за нијанса подобар. Во острата игра многупати имаше прекини и беа досудени осум жолти картони, а дури 6 за Виктори.

Сити дојде до водство во 9 минута преку голот на Лук Братан – прво помошниот судија го поништи голот заради офсајд, но главниот судија пресече дека е гол.
Навивачите на Виктори сигурно ќе се жалат и за голот што беше поништен за нив, сметајќи дека тоа го смени текот на настаните.
Во второто полувреме Фернандо Брандан во 82 минута зголеми на 0:2.
Минатата недела Сиднеј ФК, во другото полуфинале, ја совлада Канбера Олимпик со 3:0, и со тоа се избори за шанса да игра за купот на Фудбалската федерација на Австралија (ФФА).
Во големото финале во Мелбурн, на стадионот AAMI парк во среда, на 30 ноември, закажан е натпревар помеѓу двата најсилни напади во лигата Мелбурн Сити и Сиднеј ФК.

Останати вести