Мареј: Ако Шарапова користеше мелдониум, мора да биде суспендирана

Светот на тенисот и натаму е поделен околу мелдониумот и позитивниот допинг тест на Марија Шарапова на Австралија Опен. Најдобриот бритнаски тенисер Енди Мареј ја осуди Русинката и не покажа разбирање за нејзините оправдувања.

„Ако користите недозволени средства и ве откријат за тоа мора да бидете суспендирани. Мислам дека од почетокот на годината 55 спортисти паднаа на мелдониум. Ме чуди тоа што многу натпреварувачи кои се натпреваруваат на врвно ниво го користат овај лек”, рече Шкотот.
Мареј вели дека минал стотици тестови и на сите бил негативен. Тој смета дека „белиот спорт” важи за еден од најчистите спортови и така треба и да остане. Во споредба со други спортови како велосипедизмот и атлетиката, во тенисот позитивните допинг тестови се вистинска реткост, а посебно кај врвните тениски имиња.

Останати вести