Ментално здравје на мажите – не сте сами

Австралија се наоѓа сред криза на ментално здравје на мажите и покрај напорите да се сопре шокантната статистика.
Во текот на минатите седум дена по повод обележувањето на неделата на машкото ментално здравје, news.com.au нагласи важна тема поврзана со менталното здравје и епидемијата на самоубиства на мажите во Австралија.

Од сите приказни на преживеаните, семејствата на оние кои починале и луѓето кои се обиделе да ја променат оваа поразителна статистика, едно е јасно. На мажите не им лежи кога треба да разговараат за тоа како се чувствуваат и да побараат помош кога им е потребна. Според податоците три пати е поверојатно дека маж ќе изврши самоубиство отколку жена, иако и тие подеднакво се склони на душевни болести. Знаеме дека е малку веројатно мажите да побараат помош – давателите на услуги велат дека на секоја четврта жена која ќе побара помош доаѓа еден маж.
Секој маж кој се бори со сериозен проблем мисли дека е единствен на кој тоа му се случува. Постои цел низ служби за поддршка кои ве чекаат токму во овој момент ако имате криза и исто така има цел низ делотворни начини на лекување. Не зборуваме за болници или некоја загушлива приватна ординација на психијатар, туку за работилници кои мажи ги осмислиле за мажи. Не се застрашувачки, и не се работи за секти.
Станува збор за пријателски расположени луѓе кои ве разбираат. Ве молиме јавете се.
Ако знаете некому кому му е потребна помош, јавете се на Lifeline 13 11 14 или посетете ја страницата lifeline.org.au.

Останати вести