Откако Mercedes-AMG во 2016 година го зголеми бројот на модели во понудата, дојде на ред и инфраструктурата. Отворен е првиот Mercedes-AMG самостоен салон на светот.
Во последниве девет години, отворени се 400 центри во 40 земји, но сите се интегрирани во постоечките Mercedes-Benz салони. Првиот самостоен AMG салон е отворен во Токио, а до крајот на 2017 година, и Сиднеј ќе добие свој AMG продажен центар.
Главната ѕвезда на салонот во Токио е Mercedes-AMG GT R, кој е претставен во 2016 година. Овој автомобил е придвижуван од 4.0 литарски V8 мотор со моќност од 585 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.
За забрзување до 100 километри на час, потребни му се 3,6 секунди, додека максималната брзина му изнесува 318 километри на час.