Неколку модели со потпис на AMG се повлечени поради емисии на штетни гасови.
И тоа може да доведе до дефект во единиците на ECU, според австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC), која започна безбедносна кампања за повлекување на моделите GT, GT S и C63. Спорните модели биле произведени во периодот од 2015 до 2017 година, а од повлекувањето се погодени 956 возила. Токму толку биле продадени во Австралија од 1 мај 2015 до 30 јули 2017 година.
Според агенцијата, забележано е дека доколку моторот остане исклучен повеќе од 67 часа, контролниот компјутер може да работи дефектно, а епилогот е издувни гасови над дозволените граници. Сите сопственици ќе бидат известени за можниот дефект и ќе бидат упатени на услугите на Мерцедес за средување на проблемите.