Мерки за спречување ширење на заразата

Како што бројот на случаи со коронавирусот двојно се зголемуваат на секој три денови, воведени се построги мерки да се спречи ширењето меѓу жителите на Австралија. Прајминистерот Скот Морисон најави затворањето на сите услужни дејности што не се неопходни.

Првично беше одлучено да останат отворени само супермаркетите, бензинските пумпи, аптеките и продавниците со разновидни производи, како и услуги за превоз и логистика, со цел да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот. Но, прајминистерот Скот Морисон објави дека процесот постепено ќе се одвива, почнувајќи од затворање на „главните места за социјални собирања”.
Минатиот понеделник се затворија регистрираните и лиценцираните клубови, места за забава, кина, казина, ноќни клубови, затворени простори за спортски активности, како и верски установи. Работата на рестораните и кафулињата е ограничена само на продажба на храна и пијалоци што се носи дома.
Морисон изјави дека овој чекор е неопходен затоа што Австралијанците не се придржуваат до правилата за социјална дистанца во доволна мерка, и поради тоа вирусот продолжува да се шири. „Ние како група лидери немаме доверба дека насоките за социјално дистанцирање кои ги воведовме, ќе се следат во мерка која е потребна за да се намали ширењето на вирусот и да се спасат животи” – рече Морисон. Според моменталните достапни медицински совети на родителите им е кажано дека училиштата можеби повторно ќе се отворат по Велигден. Но, властите се подготвуваат и на другата опција односно школите да останат затворени и децата да учат преку интернет дома. Од дополнителните мерки, Јужна Австралија, Тасманија и Северните Територии воведоа двонеделен карантин за сите лица кои сакаат да влезат во овие држави, а за контрола на патниците се воведени полициски контролни точки.
Вкупниот број болни од COVID -19 во светот во сабота 28.03.2020 изнесува околу 600,000, починати се 26.335, а излекувани се 96.000 пациенти. Во Австралија бројот на болни порасна на 3,900 случаи, што значи дека бројот на заболени двојно се зголемува секој трет ден. Лидерите на државите и териториите и прајминистерот Морисон препорачаа да се одложат сите непотребни домашни патувања и целосно забрани меѓународни патувања.
Премиерот на Западна Австралија, Mark McGowan објави дека влезот во неговата држава ќе биде контролиран, како за автомобилскиот така и за воздушниот превоз.
Исклучоци се предвидени за медицинските лица, вработените во итните служби, војската и полицијата, како и за одредени вработени во рударската индустрија, вработени на аеродромите како и доставувачите на неопходни продукти. Ако не припаѓаат на овие исклучоци, лицата кои доаѓаат од другите држави мораат да бидат 14 денови во карантин.
Во настојувањето да се спречи рецесијата во економијата, федералната влада најавува втор круг мерки во вредност од $66 милијарди.
Привремено двојно се зголемуваат надокнадите за невработените Newstart, и ќе се олесни пристапот до овие надокнади за сите оние што станаа невработени од итните мерки, пензионерите ќе добијат дополнителна исплата од 750 долари, и дополнително ќе се прошири најавената финансиска инјекција за малите бизниси кои сега ќе можат да аплицираат од $20.000 до $100.000 долари помош.
Државниот благајник Josh Frydenberg ова го опиша како безбедносна мрежа, најави и понатамошни мерки зависно од развојот на кризата велејќи дека не се работи за ситуација која за брзо време ќе се заборави.

Mерки за социјално дистанцирање
Австралија воведе мерки за социјално дистанцирање со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД-19. Сите што ќе бидат фатени како ги прекршуваат мерките од австралиската влада ќе бидат казнети или приведени.
70.000 полицајци, вклучувајќи и специјалци се подготвени да ја спроведуваат мерката за социјално дистанцирање. Воведени се казни од $1,652 до $13,345 за поединци кои што одбиваат да го почитуваат доброволниот карантин и $9.913 до $66,672 за бизнисите. Австралијците се охрабруваат да јавуваат за прекршување на владините мерки на бесплатниot телефонски броj 1800 333 000. Минатата недела, топлото пролетно време привлече илјадници посетители на сиднејската плажа Бонди, прекршувајќи ја забраната за јавен собор поголем од 500 луѓе. КОВИД-19 во Австралија продолжува да ја поткопува економијата. Туристичките агенции и авионските компании отпуштија илјадници вработени. Владата исто така им забрани на Австралијците да патуваат во странство со цел да се забави ширењето на коронавирусот.

Останати вести