Меси никогаш не бил поотворен: Заминување? Нема шанси!

Првата ѕвезда на Каталонците во интервју за „Мундо Депортиво” говореше за скандалот кој го тресе тимот на Барселона од највисокиот врв на раководството, се осврна и на шпекулациите кои го селат од „Камп Ноу”…

„Тивка војна” владее во Барселона, надвор од очите на јавноста, а таа кореспондира со скандалот кој ги стресе Каталонците, откако беше обелоденето дека клубот ангажирал ПР агенција која требало да го чисти образот на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и неговите соработници, а да го оцрнува лицето на сегашни и поранешни членови на клубот.
СЕР објави досие од 35 страни за „Барсагејт”, меѓутоа Бартомеу демантираше и наведе дека тоа е лага, а освен тоа, првиот човек на Каталонците имаше и состанок со четворицата капитени на Барселона на кои им укажувал дека нема ништо вистина во сето тоа, но прашање е колку тие му веруваат на зборовите.
Во интервју за „Мундо Депортиво”, капитенот и прва ѕвезда во составот на Барселона, Лионел Меси говореше отворено за случувањата во тимот од „Камп Ноу” по избивањето на скандалот.
– Вистина е дека јас сум изненаден од целата оваа ситуација, не бев тука и патував, меѓутоа кога се вратив дознав само малку во однос на сите случувања поради краткиот временски период. Претседателот ни го кажа истото што го кажа и за медиумите, истото што го кажа и на пресконференцијата. Меѓутоа велат дека има докази за сето тоа, не можеме да кажеме ништо повеќе од ова освен да сочекаме да видиме каков ќе биде епилогот. Сево ова мене ми изгледа како еден доста чуден проблем – додава Аргентинецот чија иднина на „Камп Ноу” за момент стана неизвесна по сите случувања, како и претходната караница со спортскиот директор на клубот Ерик Абидал, меѓутоа тој вели дека нема ништо од сето тоа.
Ама не помислувам да си одам
Аргентинецот зборуваше за многу интересни работи и повтори дека нема намера да ја напушти Барселона, сè додека клубот го посакува во своите редови.
– Не ми паѓа на памет да ја напуштам Барселона. Ако клубот ме сака тука, секако дека ќе останам. Сакам повторно да ја освојам Лигата на шампионите и да продолжам да освојувам шампионски трофеи – рече јасно Меси.
Аргентинецот се осврна и на казната за Манчестер Сити, кој е исфрлен од Европа во наредните две сезони и казнет со 30 милиони евра за прекршување на финансискиот фер-плеј.
– Тоа ме изненади затоа што никој не очекуваше некој да добие ваква казна. Знам дека ПСЖ ја плати казната и не знам што се случило следно. Ќе биде чудно што тим со вакви играчи и со вакви инвестиции не игра во Лигата на шампиони. Веројатно некои играчи би можеле и си одат. Лигата на шампионите е многу привлечна и безвредно е ако не играш таму .
Меси зборуваше и за овогодинешната Лига на шампиони со поглед кон претходните години и неверојатни порази против Ливерпул и Рим.
– Јас сè уште не можам да го објаснам, особено не Ливерпул. Рома се случува само еднаш, ќе ве изненадат, но ако се случи повторно следната година, тоа е необјасниво, истакна Меси, коментирајќи ја Лигата на шампионите оваа сезона.
– Сите ривали се навистина тешки. ПСЖ загуби во Дортмунд, Ливерпул во Мадрид од Атлетико. Мое мислење е дека Ливерпул, Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид се главни фаворити – изјави аргентинскиот волшебник за “Мундо Депортиво”.

Останати вести