Во 2016 година 82 илјади милионери ја напуштиле својата татковина и се преселиле во друга земја, покажуваат податоците на New World Wealth, цитирани од CNBC. Нивниот број се зголемува значително – во 2015 година 64 илјади милионери ја напуштиле својата земја.
Земјите кои привлекуваат најмногу богаташи се Австралија, САД и Канада, следени од Нов Зеланд. Според истражувањето на организацијата во Австралија минатата година се преселиле 11 илјади милионери. САД ги избрале 10 илјади милионери, а Канада – 8 илјади.
Земјите од кои бегаат најбогатите се Франција (12 илјади), Кина (9 илјади), Бразил (8 илјади), Индија (6 илјади) и Турција (6 илјади).
САД традиционално ги привлекуваат богатите луѓе, но во последните години Австралија успева да привлече повеќе милионери, особено од Индија и Кина, дополнува CNN. Зелениот континент се смета како сигурно место за одгледување на деца, со стабилен здравствен систем и е географски изолиран од кризите во Блискиот Исток и бегалскиот бран во Европа.
Во прилог Австралија е и добро место за водење бизнис.
Според New World Wealth всушност главната причина поради која милионерите ја напуштат земјата, е прво можноста за подобро образование за децата, а следната – лична безбедност. Подобра клима и здравствен систем се исто така фактори при изборот на новото место за живот.
Богаташите бегаат од Франција главно поради високите даноци, како и поради растечката тензија во земјата, покажува уште студијата.