Мицкоски: Сврши владеењето со свиткана кичма, одиме кон заедничка победа која ќе донесе обнова

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција веднаш по распишувањето на изборите

“Почитувани граѓани,
Денес има две вести важни за Македонија. Првата е лоша, но и очекувана, власта како почна-така завршува. Со газење на процедурите, силување на законите, непочитување на Уставот. Денот го завршуваат со закон за спас на криминалот на Заев, за спас на неговите соработници и слуги, и тоа донесен на незаконски начин, противправен и криминален.
Втората е добра вест. А тоа е дека Заев е готов. Владеењето со свиткана кичма завршува. Денес завршува најсрамната и најкриминалната епизода во поновата македонска историја. Завршува Заев.
Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат. Пред граѓаните кон кои удираа и ги осиромашуваа овие три години, дека оваа власт мора да падне, Заев и неговата анти народна и анти македонска влада да си замине и никогаш повеќе да не се повтори. Денес дојде овој ден.
Е за ова се боревме, и дотука дојдовме низ жестоки 25 месеци мое раководење со ВМРО-ДПМНЕ, со многу удари, паѓања кои преминаа во победи, неверувања кои се претворија во верба за победа.
Зошто? Затоа што народот најдобро знае што се помина низ овие три години власт на СДСМ и Зоран Заев.
Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет. На пазарење со најсветото, со историјата и одземање на иднината, трговци!
Ова се три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и владата. Очите им се врзани пред сето ова затоа што тие се првите кои прават криминал. Не може државава да е прогласена за најкриминална во Европа, а ниту еден од власта да не одговара. Ова е време на Рекет, милионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, притисоци, кеш за обвинители, корумпирано и распаднато здравство, време кога летаат Луј Витон ташните.
Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп, гледаме како премиер се фали дека спонзорирал и знаел за рекет машинеријата на Јовановски, кога осудени криминалци се пуштаат на слобода. Кој одговараше овие три години додека Заев е премиер? Криминалците направија сојуз со власта, слугите на Заев си ги заштитија бизнисите преку тоа партнерство.
Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги на кои Заев правеше кариера. Ова е време кога го пуштија Игор Спасов. Нема правда ниту мир. Додека на родителите на децата од монструм Заев им ветуваше вистина, ги пушташе нивните убијци на слобода.
Ова се три години без иднина. Вратите на Европската унија не само што не ги отворија, туку со неправдите не оддалечија. Секој ден сме се подалеку зошто немаат ниту една вредност која е европска. Повеќе од 200 илјади луѓе си заминаа за три години, затоа што овде животот на Заев не го најдоа и си заминаа, се отселија.
Ова се три години на лаги и неисполнети ветувања. Се сеќавате, 500 евра плата, 500 км автопатишта, 100 илјади денари плата за докторите, нов Студентски дом и нов Клинички кои ги нема. Чист алпски воздух кој исто го нема. Нема да редам повеќе, сите нив ги знаете, и нема да им биде тешко повторно да лажат, но сега веќе имате искуство и знаете дека од овие ветувања нема апсолутно ништо. Сега вие одлучувате и знаете што треба да направите. Да ги поразиме заедно…
… Одговорност ќе има и ти Зоран Заев ќе одговараш. Ќе одговараш, запамети ги овие зборови. Мора да има одговорност.
За мене лично и за мојата партија ова е битка на принципи. И мојата визија за Македонија почива на три фундаменти. Прво, чесност и честитост по која работам. Второ, работа која мора да донесе резултати. И трето, одговорност, запамтете го ова добро, одговорност, зошто мора правда, правда за секого без оглед на политичката припадноста или политичка неприпадност, без оглед на името,без оглед кој со кого е близок.
Мора Македонија да сврти нов лист. Нов почеток преку кој ќе ги поразиме оние кои ни носат порази…
Обновата доаѓа, обновата која ќе решава проблеми. Одиме кон извесна, голема, неопходна и заедничка победа.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!”

Останати вести