Медицинските сестри и вработени кои се грижат за стари лица се собраа во Мелбурн повикувајќи се на закони со кои би се одредил минималниот удел на вработените во приватните домови за стари и немоќни.
Kristine Byrnes, вработена во домот Euro Health за ААP изјави дека дома честопати се враќа со солзи затоа што има работа „преку глава” по 20 години работа во оваа област. Изјави и дека и таа и уште еден вработен мораат да се грижат за 30 до 60 корисници на домот. Таа вели и дека е тешко да се одредат приоритетите меѓу старите лица при грижата – дали е приоритет старо лице кое „е во опасност да падне” или некоја личност која на пример треба итно да оди во бања. „Ова станува премногу, едноставно изгорев. Станува се полошо и полошо. Доста ми е, во солзи сум и дење и ноќе” – вели таа.
Моментално во државните домови за стари и немоќни удел има вработените спрема корисиници, во однос 1:7 за утрински смени во Викторија, но приватните домови и непрофитните огранизации ја немаат истата регулација.
„Ако некој се разболи не добива замена” – вели таа.
Извршителка на должноста секретар на Австралиската федерација за медицински сестри и негувателки Annie Butler повикува на брзи промени за грижата во склоп на покренатата национална кампања во Викторија „во борба за подобра грижа на старите во Австралија”.
Таа изјави дека не е доволен бројот на вработени за грижа за стари, а и проблем е како еден единствен вработен честопати мора да бања, облекува и храни 16 корисници за само 45 минути. Butler вели дека треба точно да се одреди размерот на вработени во домовите за стари и немоќни и нивните корисници, а помалку да се насочуваат кон добивката.
„Ова што се случува во грижа за стари не може вака да продолжи” – изјави таа пред насобраните во Qusens Park.
Медицинските сестри и негувателите за стари работат најдобро што можат, но честопати е речиси невозможно да се даде нега за која знаеме дека старите жители треба да ја имаат, затоа што не постои закон со кој треба да се обезбеди оптимален број на вработени за грижа за стари.