Ако огранокот на Либералната национална партија (LNP) во Квинсленд го добие своето, луѓето повеќе никогаш нема да бидат навредени со женските (а не машките) ликови на семафорите на пешачки премини.
Нема врска што такви има само малку и што се наоѓаат во Викторија, а не во Квинсленд. Ова е еден од низата предлози кој е усвоен на годишната конференција на Конзервативната партија во Квинсленд. Расправата имала малку Трампов карактер, членовите расправаа за тоа дали треба да се постави граница на миграцијата на муслиманите, како и за тоа дали треба да се излезе од парискиот договор за климатските промени. Некои членови од партијата исто така молеа да се гласа во корист на приватизација на ABC, тврдејќи дека јавната телевизија не е ништо друго отколку канал за пропаганда на зелените, се бараше и забрана за бурки.
На тридневната државна конференција на LNP во Бризбен, партијата гласаше за предлогот да се забрани носењето муслимански покривки за глава за девојчиња помлади од десет години. Но, поминување на овој предлог донесе неуспех за друг предлог со кој партијата гласаше за општа забрана за носење бурки. Притисокот да се замоли прајминистерот Малком Турнбул да го следи примерот на Доналд Трамп и да излезе од парискиот договор за климатиските промени, не даде резулат, а имаше мала разлика во гласовите за и против. Ова не беше случај со другиот предлог кој го предложи огранокот на младите LNP, со кој се бара да се спречи заменувањето на женските ликови со машки на семафорите на пешачките премини. Ова доби широка поддршка и поради тоа е усвоено. Се гласаше и против предлогот за приватизација на телевизијата ABC како и идејата да се следат потезите на Доналд Трамп и да се ограничи миграцијата од земјите со шеријатско право. На третиот и последниот ден од конференцијата говореше државниот лидер на партијата Tim Nicholls, кој својот опозициски тим ќе го води на изборите, за кои на големо се зборува дека ќе бидат распишани годинава. Nicholls во својот 25 минутен говор откри нови политики вклучувајќи го и планот за затварање на осомничени за тероризам во траење од 28 денови без подигнување обвинение, ја изнел и програмата против генерациско злоставување во училиштата кои би ги заменил со програма на сигурни училишта.