– Во петокот на 19 февруари во Кривичниот суд во Скопје се одржа рочиште за предметот „Таргет-тврдина” на кое беа презентирани завршните зборови на одбраната.
Присутен беше и Сашо Мијалков, но збор не зеде. Неговите адвокати рекоа дека тој не прислушувал противзаконски. Обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов не побараа притвор, па продолжија да важат мерките за јавување во суд еднаш неделно и одземен пасош.
– Во саботата околу пладне шефицата на Оделението за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска од свој извор дознава дека Мијалков се подготвува за бегство, по што таа околу 15 часот телефонски го известува Министерот Спасовски, кој подоцна и рекол се она што му го кажала да го поднесе во писмена форма, по што Русковска, иако неработен ден, се упатува во Обвинителстовото и напишала известување кое подоцна го испраќа до МВР.
– Во неделата околу 12 часот обвинители донесуваат одлука дека треба да бараат затворски притвор за обвинетиот Сашо Мијалков, па околу 14:30 во судот веќе го доставуваат барањето. МВР дава наредба за за засилено набљѕдување составено од 9 припадници на МВР,
– Судиите на претходна постапка Огнен Ставрев, Илија Трпков и Васка Николовска Масевска носат одлука, но не каква што бара Обвинителството, туку куќен притвор со 24-часовен електронски и видео надзор.
– Вака донесеното решение околу 18:30 го испраќаат до Министерството за внатрешни работи, а 15-тина минути подоцна и до Обвинителството.
– Решението стигнало само до МВР и ЈО, но не и до Сашо Мијалков, бидејќи истиот го нема на локациите на кои можел да се најде. Истрагата ја продолжуваат во текот на целата ноќ и вчерашниот ден. Но, без резултат.
– Мијалков е третиот од раководството на УБК кој избегал, по исто така обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски. На листата спектакуларни бегалци е и Никола Груевски кој денес ужива азил во Будимпешта.