Ми пречи што традиционални песни снима кој ќе стаса

Фолк пејачката Милица Кузмановска повторно заминува за Австралија. Таа кон крајот на месецот заедно со колегите Сузана Спасовска, Благоја Грујовски и Ибуш Ибраимовски ќе настапи во сите поголеми градови, каде живеат Македонци.

Таа вели дека секогаш се радува на настапите во дијаспората, бидејки е можност да се види со свои роднини и пријатели кои нема можност често да се дружи со нив. Освен тоа за Милица настапите во дијаспората секогаш и претста­вуваат задоволс­тво, бидејки секогаш се расположени за убавата македонска песна.
Те чека нова турнеја низ Австралија, што да очекуваат нашите иселеници од тебе?
– Да, во тек се подготвките за претстојната турнеја во Австралија. Овој пат, како и минатиот и како резултат на успешна соработка, повторно во организација на Социјалното дру­штво „Св. Наум Охридски”, од Мелбурн. Како и секоја турнеја и оваа ќе бара целосна одговорност во смисла како ке се претставиме на публиката која секогаш очекува нешто ново и подобро од нас. Подготвивме и специјална програма бидејќи заедно ќе настапиме четворица пејачи и бенд од Македонија, заедно со Сузана Спасовска, Благоја Грујовски и Ибуш Ибаримовски. Затоа е и потебна интетесна програма и нешто ново за публиката. Во програмата се сите мои попознати песни од постариот и поновиот репертоар, се разбира и неизбежните македонски традиционални без кои не е можно да биде комплетна една забава.
Колку си задоволна од настапите во дијаспората, Канада, Америка, Австралија?
– Многу сум задоволна од настапите во дијаспората, за жал тие останаа единствената сигурна егзистенција за нас пејачите, овде во Македонија освен свадби и приватни веселби, вакви забави и концерти скоро и да нема.
Ти си фестивалски човек, ќе настапиш ли на некој фестивал, доаѓа „Охрид фест”, „Ва­лан­дово”,” Роса”…? Зошто не настапи на „Цвет­ници”?
– Во принцип сакам да настапувам на фестивали, не интензивно како порано но сепак еден или два фестивали во годината се можност за презентација на нова песна. Оваа година иако очекував, не настапив на Цветници од проста причина сто мојата песна беше одбиена. Но, овој фестивал остана единствениот бастион на вистинската новокомпонирана македонска песна и се надевам дека така ке остане.
Колку си задоволна од состојбата во фолк музиката во Македоија?
– Неминовно е да се спомне и општата не баш добра состојба на македонската народна музика, не доволната медиумска покриеност, немањето критериум за тоа кој се треба да ја работи оваа работа и да се „занимава” со музика. Најмногу од се ми пречи тоа што не се води никаква сметка за тоа кој се ги преснимува нашите традиционални песни, за тоа треба да се има највисоки критериуми затоа што се тоа понатаму останува на нашите генерации кои добиваат погрешна слика за тоа како треба да звучи нашата македонска песна.
Долго време си на сцена, имаш многу песни, па колку размислуваш за солистички концерт?
– Долго време сум на сцената, веѓе 23 години, со мали паузи, но сепак сум тука. Сум размислувала за солистички концерт, но кога и како се уште не знам. Веројатно после мојот најнов проект кој го планирам во најблиска иднина. За тоа во моментов е рано да се зборува.
Дипломираше на факултетот за туризам и ме­наџ­мент, па постои или можност музиката да ти стане хоби а факултетот професија или…?
– Музиката не е моја единствена професија иако јас до сега исклучиво живеев од музика. Постои голема можност за пожеток на нешто ново, но за тоа можеме да зборуваме кога ке се вратам од турнеја.
Твоите деца Дарко и Дарија се веќе големи, имаат ли претензии кон музиката? Посакал ли некој од нив да тргне по твоите стапки?
– Моите деца иако многу ја сакаат музиката, ни еден од нив не продолжи по моите стапки. За мене тоа воопшто не е важно, бидејќи најважно е да се среќни во своето егзистирање на овој свет и во тоа што планираат да биде нивна животна преокупација.
Што се случува на полето на љубовта? Среќна си? Исполнета?
– Кога размислувам за себе, мислам дека сум многу срекна жена и секогаш сум била, иако животот многу пати до сега бил немилосрден кон мене и ме довел во ситуација да размислувам за мо­јата среќа. Се тоа е дел од животот и јас многу свесно тоа го прифаќам. Сепак, на крајот на денот јас сум навистина среќна. Така се чувствувам.

Останати вести