Милион долари казна за Борис Трајков за трошење пари на хуманитарна организација

Борис Трајков, кој со децении живее и работи во Мелбурн, доби судска пресуда да врати повеќе од 300.000 долари и да плати казна од 1 милион долари, затоа што трошел пари на хуманитарна организација за лични потреби.

Организацијата била формирана за помош и згрижување на деца и мигранти од просторите на поранешна Југославија, а Трајков таму бил претседател.
Граѓанскиот суд по пријава на вработена, утврдил дека Трајков потрошил повеќе од 300.000 долари, пари за добротворни цели, на алкохол, долна облека и лекови за еректилна дисфункција. Тој повеќе години ги злоупотребувал парите што ги уплаќале родители на деца со македонско потекло, кои во организацијата требале да бидат згрижени и да посетуваат одредени курсеви или нивни екскурзии.
Но, парите кои ги добивал во кеш, наместо да ги уплати на жиро сметка на хуманитарната организација, ги користел за лични потреби и задоволства.
Окружниот суд добил пријави од родители, но не можеле да обезбедат докази за повеќе од еден и пол милион долари незаконски потрошени пари.
Сепак, тој е казнет со еден милион долари и плус да ги надомести потрошените пари.
Ова е голем пад на Борис Трајков (76), поранешен радио-новинар на SВS, беше основачки член на викторијанската Мултиетничка словенска социјална асоцијација, која обезбеди поддршка за постарите мигранти од поранешна Југославија.
Тој беше награден со Орден на Австралија во 1991 година за својата работа со македонската заедница.
Здружението управуваше и со центар за згрижување на деца во предградието на Мелбурн, каде родителите своите трошоци на Трајков му ги плаќаа во готово.
Една вработена, која работела во центарот 29 години и не пропуштила ниту еден ден на работа и покрај седумгодишната битка со рак на белите дробови, последните две години не зела ниту долар за својата работа.
Лили Стојанова работела неплатена помеѓу октомври 2015 година и март 2016 година како резултат на прекумерното трошење на Трајков.
Трајков купувал алкохол за ресторанот на ќерката во вредност од 44.890 долари, вклучувајќи и 7.960 долари за само еден месец.
Поголемиот дел од тие набавки биле во продавница за алкохол во Престон.
Во истиот период Трајков потрошил повеќе од 150.000 долари од парите на асоцијацијата за мода, долна облека и накит и повеќе од 45.000 долари за летови и сместување во Мелбурн и Сиднеј.
Трајков, исто така, пренел повеќе од 190.000 долари од парите на здружението на неговата поранешна сопруга, Слободанка.

Останати вести